Возете внимателно, остатоци од снег на одредени патни правци

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Loading...

Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.

Движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Leave a Reply