„Волшебникот од Оз“ вечерва на репертоарот на кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Со премиерната изведба на детската претстава „Волошебникот од Оз“ вечерва кумановскиот театар ќе ја започне својата нова сезона оваа година.

„Волшебникот од Оз“ е претстава за деца, работена по мотивите од истоимениот роман на американскиот автор Франк Лајман Баум, освен забавата носи и мошне поучна порака дека се она кон што се стремиме, можеме да го пронајдеме во себе, само треба да сме чесни, упорни и да не сме себични.