Во внатрешноста на Земјата откриени планини поголеми од Монт Еверест

Сподели со своите пријатели

Вториот најголем земјотрес некогаш забележан, на научниците им овозможил да го проучат теренот под површината на Земјата, откривајќи врвови поголеми од Хималаи, пишува во списанието „Сајенс“.

Loading...

Научниците успеале да пронајдат џиновски структури во податоците на сеизмичките бранови уловени при земјотресите во Боливија во 1994 година, пишува во списанието.

Земјината обвивка е густа лента од силикатни карпи која се протега од кората до јадрото, што чини 84 отсто од волуменот на нашата планета. На 410 милји од површината, границата е позната како дисконтинуитет од 660 километри, ја дели обвивката на нејзин горно и долно ниво.

Топографијата на таа граница е исклучително тешка за читање поради густината, па тоа може да се направи со сеизмички бранови. Брановите се среќаваат со различни текстури, минерали и структури и се одбиваат исто како светлосните бранови кои се одбиваат од предметите, обезбедувајќи така на научниците сеизмичка снимка. Мерењата на суперкомпјутерите им овозможуваат на научниците да ги реконструираат структурите на границата.

– Потребни ни се големи земјотреси затоа што така сеизмичките бранови патуваат низ обвивката и јадрото, се одбиваат во дисконтинуитет од 660 километри и патуваат се до Земјата за да бидат откриени на врвот на кората, вели Џесика Ирвинг, геофизичар на Универзитетот Пристон и авторка на студијата.

Тимот на Ирвинг користел податоци од земјотресот во Боливија од 1994 година кој е втор по јачина некогаш забележан со 8,2 степени по Рихтер, откривајќи посилна топографија на границите отколку што е она на Карпестите планини или Апалачи.

– Не можам да ви дадат точен број во поглед на висината на домето. Но, планините на граница од 660 километри можат да бидат многу поголеми од Монт Еверест, вели таа.

Непрецизноста во поглед на проценката на дометот може да биде последица од насобирање стари парчиња морско дно кои се вовлекуваат во обвивката, а потоа се спуштаат до границата.

Loading...

Меѓутоа, истражувањето е нецелосно, затоа што научниците шпекулираат дека во обвивката би можеле да постојат древни остатоци од историјата на Земјата. Понатамошните истражувања би можеле да ја осветлат еволуцијата на нашата планета и како таа настанала.

Leave a Reply