Во Украина пристигнаа уште четири ХИМАРС

Сподели со своите пријатели

Од Соединетите Американски Држави во Украина пристигнаа уште четири ХИМАРС – артилериски ракетни системи со висока подвижност, кои се познати и како моќни американски ракетни фрлачи.

Loading...

Оваа информација на Твитер ја потврди Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.

„Пристигнаа дополнителни четири ХИМАРСИ од нашите американски партнери. Им благодарам на Џо Бајден, Лојд Остин Трети и на американскиот народ“, рече Резников.

 

 

Тој потоа коментираше што всушност значи ова оружје за Украина.

„Ова се добри времиња за Украинците, но лоши времиња за окупаторите. Одлични вести пред Рамштајн 6 на кој одам утре. Ќе има уште“, заклучил украинскиот министер за одбрана, пренесува N1.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.