Во среда ќе се отвори изложбата „Карпино 2022“

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда ќе биде отворена изложбата на слики – “Карпино 2022“.

Loading...

Се работи за реномирана меѓународна ликовна колонија и нејзиното јубилејно издание во организација на Мултимедијалниот Центар – Карпино, Општина Куманово и секако во традиционалната соработка со Центарот за култура.

Јубилејната 20 – сета Меѓународна ликовна колонија “Карпино 2022“ се одржа на локацијата “Етно село Тимчевски“ – Куманово во периодот од 17.08. – до 23.08.2022 год.

На колонијата учество земаа 13 уметници од Србија, Америка и Македонија коишто реализираа околу 25 дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17.11.2022 г.

Интегрално соопштение