Во Словенија денеска ќе се склучи првиот геј брак

Сподели со своите пријатели

Словенија донесе закон со кој се одобруваат истополови бракови, односно на нив им се даваат истите права како и на хетеросексуалците, но нема да имаат право да посвојат деца.

Првиот истополов брак во Словенија треба да се склучи денес, на 25 февруари.

Законот за истополовите бракови беше усвоен пред десет месеци, бидејќи на референдумот одржан во декември 2015-та година беше отфрлена можноста геј паровите да имаат право да посовјуваат деца.

Градските преставници во Љубљана изјавиле дека ниеден истополов брак досега не е регистриран во словенечката престолнина.