Во понеделник и вторник прскање против крлежи во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 20 и 21 август (понеделник и вторник) на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта на третманот, како што информираат од Општина Куманово, е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Leave a Reply