Во Мексико седум лица загинаа во експлозија во нелегална работилница за огномет

Сподели со своите пријатели

Во експлозија во нелегална работилница за огномет во централно Мексико, седум лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

„Експлозијата се случила во куќата во која се произведувале и складирале пиротехнички средства за огномет“, се наведува во соопштението на мексиканската цивилна заштита.

Според првичните информации, седум лица загинаа, а 15 се повредени во несреќата во градот Тотолапан, на околу 80 километри од главниот град.

Локалните власти изразија жалење за несреќите кои се вообичаени во нелегалните работилници за производство на огномет.

Во декември 2016 година, неколку експлозии се случија на пазарот за огномети во Тултепек во централно Мексико, при што загинаа 42 лица, а неколку десетици беа повредени, пренесува Бета.