Во Мексико пристигна првата група бегалци од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Првата група бегалци од Авганистан пристигна во Мексико.

Loading...

Пет жени и еден маж денеска пристигнаа во Мексико Сити, каде беа пречекани од министерот за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Добредојдовте во својата куќа“, рече Ебрард.

Тој рече дека Мексико ќе им даде на бегалците „правен статус што го сметаат за најдобар“ и додаде дека станува збор за статус на азил или бегалец.

Бегалците минаа низ шест земји за да пристигнат во Мексико од Авганистан, од каде што беа евакуирани откако Талибанците насилно ја презедоа власта.

Мексико е една од многуте земји што прифатија да примат бегалци од Авганистан.