Во македонската администрација работат 127.139 лица

Сподели со своите пријатели

Вкупно 127.139 Македонци се вработени во јавната администрација, објави Министерството за информатичко општество и администрација во Регистарот на вработени во јавниот сектор и тоа по неколкугодишно задскривање на овој податок.

Во оваа бројка влегуваат вработени лица во јавни претпријатија, општини, комисии, агенции и институции на Централната власт, но не и вработените во акционерските друштва и компании со државен капитал, затоа што тие не биле опфатени со законските регулативи за јавна администрација.

„Тие се целосно или делумно со државен капитал, меѓутоа не потпаѓаат под режимот на Законот, бидејќи дел од нив има кои се основани и со прватен капитал и не можат да бидат уредени на начини и постапки утврдени со Закон. Акционерските друштва не потпѓаат под режимот на Законот а со тоа и на Регистарот“, вели Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација, а пренесува порталот Либертас.

Сите овие лица плата земаат на грбот на граѓаните на Република Македонија.