Во Куманово одбележани 78 години од загинувањето на Карпош (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во чест на одбележувањето на 78-годишнината од загинувањето на легендарниот кумановски командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош, денеска претставници на Општина Куманово ја посетија Куќата – музеј на Карпош во Куманово.

Loading...

 

 

Настанот традиционално го организира Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-45 и граѓаните продолжувачи-Куманово.

 

 

Loading...

Делегации предводени од градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината положија свежо цвеќе пред бистата на Христијан Карпош.

 

 

Историската постојана поставка во Куќата – музеј на Карпош е обновена преку националниот проект за поддршка на културата-Град на културата за 2019 година и 500 години Куманово, со финансиска поддршка од Министерството за култура на РСМ и градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

 

Loading...

Делегација од Сојуз на борци-Куманово ќе положат свежо цвеќе и во Билјача-Прешевско, каде што загинал народниот херој Карпош.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...