Во Куманово одбележан денот на крводарителството (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со свечена седница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчера беше одбележан 14 јули – Светскиот ден на крводарителството.

Присутните крводарители, членови и волонтери на Црвениот крст Куманово, најпрвин ги поздрави Претседателот на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово Д-р Нухи Јусуфи, по што следуваше доделување на благодарници на повеќекратните крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50 и 75 пати. Крводарителите со 50 и 75 пати дарувана крв добија и плакети во знак на признание за искажаната хуманост како и пригоден подарок, информираат од ОО Црвен крст Куманово.

 

Loading...

Leave a Reply