Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 497

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени шест нови болни, а на Очната клиника двајца.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани девет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 20 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.

Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутринава до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Loading...

Рената Пепељугоска

Leave a Reply