Во кој град е најдобар квалитетот на животот?

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Австрија, Виена, по деветти пат е „крунисан“ како метропола со најдобар квалитет на живот во светот.

Виена нема море, но има „Куќа на морето“ (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Меѓународната консултантска агенција „Мерсер“ по деветти пат дошла до заклучок дека Виена е местото каде најдобро се живее и тоа подобро и од второпласираниот Цирих или третполасираните Окленд и Минхен.

Виена го добива првиот автобус без возач

– Виена уверува пред се поради безбедноста, одличниот градски превоз, шареноликост од културни и забавни установи, се наведува во соопштението на „Мерсер“.

 

 

Помеѓу првите десет градови, како  минатата година, во поголемиот дел се наоѓаат европски градови.

На позициите од шест до десет се Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, а на петтото место е Вакувер, додека десеттото го зазема Сиднеј.

Алпски Кариби – езеро кое секоја година го „голта“ паркот (фото)

Град со најлош квалитет на живот, како и претходните години е Багдад.

Студијата веќе две децении годишно споредува 231 голем град врз основа на 39 критериуми од агол на вработените кои од другите земји се упатени на работа во тој град.

 

Loading...

 

Помеѓу критериумите се политички, социјални, економски, еколошки аспекти, но и понудата во областа на здравството и образованието.

Најчудните граници во светот (фото+видео)

Со највисока оценка „Мерсер“ Виена го оценува и по квалитетот на вода, медицинска грижа, јавен превоз, училишта, канализационен систем, како и разновиден културен живот и понуди за минување на слободното време.

Во скоро сите категории Виена има добиено максимален број бодови.

Leave a Reply