Во Јадранот пронајдени остатоци од бомбардер од Втората светска војна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

После 76 години, на длабочина од скоро стотина метри во каналот Бишево кај Јадранскиот остров Вис во Хрватска, пронајдени се остатоци од англо-американски сојузнички бомбардер „Нестрплива девица II“ од Втората светска војна.

Loading...

Бомбардерот потонал во јуни 1944 година, по 34 бомбашки напади. Неговите остатоци не се далеку од друг Б24 авион, „Организирана збрка“, кој бил откриен минатата година од истиот тим од центарот за нуркање „Манта“ од Комича.

 

 

„Досега најдовме два авиони на Свец, два на Бишево, значи пет авиони, се вели дека 27 од нив паднале и уште еден е пронајден. Пет, шест, седум – 20 се останати”, рече Лоренц Марковиќ за ХРТ од Центарот за нуркање.

Центарот за нуркање вели дека има уште околу 20 сојузнички авиони на дното на Јадранското Море, кои биле соборени додека учествувале во мисии за бомбардирање на германски цели на Балканот.

 

Loading...

 

Б-24 бил тежок бомбардер, кој се докажал на скоро сите борбени полиња за време на Втората светска војна.

Со произведени 18.500 единици, Б-24 е најпроизведениот бомбардер во историјата на авијацијата.

 

Leave a Reply