Во исто време имал 35 девојки, од нив добивал подароци за лажни родендени

Сподели со своите пријатели

Маж од Јапонија бил уапсен откако бил во врска со дури 35 жени истовремено, со цел да добие подароци за лажни родендени.

Loading...

Такаши Мијагава бил приведен затоа што измамил 35 жени, откако се преправал дека е сериозен кон нив.

На секоја жена и дал лажен датум за неговиот роденден, со цел да обезбеди постојан прилив на подароци.

Во еден случај, Такаши и кажал на својата 47-годишна љубовница дека неговиот роденден е на 22 февруари, иако неговиот вистински роденден е на 13 ноември.

Тој на една од своите жртви, 40-годишна жена, и рекол дека неговиот роденден е во јули, додека друга верува дека е роден во април.

 

 

Loading...

Јапонските медиуми пренесуваат дека тој изневерил вкупно 35 жени, но дека постои можност да има повеќе негови жртви.

Се на се, Мијагава е обвинет за изневерување жени за 700 евра, кои ги потрошиле на роденденски подароци и облека.

Тој ги запознал своите жртви додека работел во маркетинг компанија, продавајќи одредени производи.

Медиумите јавуваат дека тој им приоѓал на жени и започнал врски, тврдејќи дека во одреден момент ќе се ожени со неа.

Жените на крајот „провалиле“ и го пријавиле во полиција во февруари.

Leave a Reply