Во Индија и Тајланд затвор за првоаприлските шегаџии

Сподели со своите пријатели

Одредени држави, како Индија и Тајланд, се заканија со затвор со шегаџиите кои би можеле со лажни вести да загрозат човечки животи во период на пандемија од коронавирусот, јавуваат светските агенции.

Loading...

Тајланд вчера објави дека авторите на провоаприлските шеги можат да бидат казнети со затвор до пет години, а во Индија, одделот за компјутерска безбедност на Махараштра објави дека ќе гони секој што шири лажни вести на 1 април.

Зошто први април се смета за ден на шегата и како се одбележува низ светот?

Исто така, Гугл, познат по првоаприлските шеги, ја напушти таа традиција заради пандемија на коронавирус од кој досега починаа околу 40.000 луѓе.

Leave a Reply