Во Гостивар за градоначалник ќе гласаат 123 изнемоштени и болни лица

Сподели со своите пријатели

На ден пред одржувањето на вториот круг од изборите за градоначалник, во општина Гостивар, правото на глас ќе го остварат 123 болни и изнемоштени лица и еден притвореник, информираат од Општинската изборна комисија Гостивар.

Право на глас имаат вкупно 79.632 гласачи кои на 121 избирачко место ќе избираат еден од двајцата кандидати.

За избор на градоначалник на општина Врапчиште, ден пред изборите ќе гласаат 45 лица, кои заради болест и изнемоштеност се пријавиле во Општинската изборна комисија. Отаму информираат дека кај нив пристигнале 62 барања, а биле прифатени барањата на 45 и ним ќе им биде овозможено да го остварат гласачкото право.

За вториот круг за избор на градоначалник на оваа полошка општина, право на глас имаат 25.371 лица. Изборниот процес ќе се изведува на 39 избирачки места.

Извор:МИА

Loading...