Во Црна Гора ревакцинирани околу 60% од полнолетните граѓани

Сподели со своите пријатели

Во Црна Гора 62,5 отсто од возрасната популација била вакцинирана со првата доза на вакцина против коронавирус, а околу 60 отсто биле ревакцинирани, објави црногорската влада.

Loading...

Првата доза од вакцината ја примиле 285.593 лица или 46 отсто, а втората 275.641 или 44,5 отсто од вкупното население. Третата доза ја примиле 84.350 луѓе.

Масовната вакцинација против Ковид 19 во Црна Гора започна на 4 мај минатата година.