Во четврток дожд, но и температури до 37 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и услови за појава на краткотраен дожд на планините на северот. Ќе дува  слаб до умерен северен ветер поизразен долж Повардарието.

Максималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со услови за изолирана облачност во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Како што додаваат од УХМР, во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во ноќта кон петок.

Loading...

Leave a Reply