Во Белград денеска се одржува геј и трансџендер парада

Сподели со своите пријатели

Во Белград денеска се одржува „парадата на гордоста 2015“ и „Гордост на транс личности“, додека Министерството за внатрешни работи апелира на граѓаните да се воздржат од било какви закани и насилства.

Loading...

Организаторите на манифестацијата соопштија дека добиле одобрување од српското МВР за да се одржи ваквиот собир, додека министерството пак соошти дека полицијата е должна да го сочува јавниот ред и мир, и дека нема да дозволи ништо да ја наруши безбедноста на граѓаните.

Поздравниот говор ќе го одржи „првата кума“ на парадата, Билјана Србљановиќ, а почетокот е закажан за 12:20 часот.

Претставник на Оранизацискиот одбор Горан Милетиќ вели дека атмосферата пред одржување на парадата е подобра и поопуштена за разлика од претходните години, но истакна дека и „Неделата на гордоста“ поминала без проблеми.

Иако повикани да се приклучат, организаторите на „Гордост на транс личности“ велат дека ќе организираат посебен собир, затоа што како што велат „им доаѓаат гости во домот“, а тоа било некултурно тогаш да се оди кај соседи.

Член на оваа организација, Предраг Аздејковиќ вели дека целта на посебното организирање на транс парадата е проблемите на транс заедницата да станат видливи и издвоени.

Организаторите на „Парадата на гордоста“ велат дека учесниците можат да учествуваат и на двата собира.

Од спрското МВР потсетуваат дека тие се должни да да снимаат и фотографираат сите јавни собири кои се одржуваат на територијата на Србија, па така и овој.

Loading...

Учество на парадата најавила и министерката за култура и демократија на Шведска, Алис Бах Кухнке, која е во дводневна посета на Србија.

Таа, како што е највено, во текот на денот ќе разговара со претставници на граѓанскиот сектор кои се занимаваат со прашањата поврзани со LGBT заедницата и човекови права, се ќе оствари состанот и со министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, која како што е најавено исто така ќе учествува на парадата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.