Влез во Македонија од утре со сертификат за вакцина или ПЦР тест

Сподели со своите пријатели

Од утре (1 септември 2021 година) домашните и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија само доколку претходно на граничниот премин приложат документација дека се имунизирани или имаат негативен ПЦР тест.

Loading...

Доколку немате потврда а сте македонски државјанин ќе ви биде определена и мерка карантин.

 

 

На граничните премини ќе можат да се приложат следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

Loading...

– Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.

 

 

За македонските граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Никола Ивановски