Влегла во програма за допишување со затвореници, сега е омажена за убиец (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наоми (27) од Манчестер, Велика Британија, се регистрирала за програма за допишување со затвореници. Во јуни минатата година, таа започнала да испраќа писма до 31-годишниот Виктор Окендо, затвореник во Мичиген, САД.

Loading...

Тој бил осуден на 24 години затвор за двојно убиство и „отслужил“ 11 години.

Писмата меѓу нив станале почести и интимни. На крајот, тие се заљубиле.

Наоми вели дека се венчале но таа не ги откри деталите како успеале да го направат тоа. На TikTok, таа редовно го опишува својот однос со него и објавува клипови од нивните телефонски повици и пораки што ги разменуваат, писма…

Таа вели дека планира да се пресели во САД за да биде поблиску до него.

 

@naomiellaoquendoBe kind 🤍 #prisongf #prisonwifelife #prisoncommunity #prisonwife #felonlove #prisontiktok #prisonlove #prisontok #petition #change #secondchance♬ A moist healing song – Nez Tunes

– Виктор завршил во социјална служба кратко време по раѓањето. Многу згрижувачки семејства го малтретирале, а тој го поминал поголемиот дел од детството спиејќи во паркови или напуштени домови, рече таа.

Loading...

– Тој бил дете кое се соочило со тешкотии во животот, и не добил поддршка од околината за полесно да ја надмине траумата. Тој бил посвоен од неговата родена мајка кога имал седум години. Тој станал нејзин дилер на дрога. Исто така, тој бил изложен на различни фактори кои само ги зголемиле неговите шанси да стане член на банда, како што се недостаток на надзор, сиромаштија и фактот дека потекнува од семејство поврзано со банди, објасни таа.

Таа на видеото покажа серија од негови фотографии, од мали нозе до затвор, погледнете:

 

@naomiellaoquendoVictor ❤️ #prisongf #prisonwifelife #prisonwife #felonlove #jailwife #prisonlove #SHEINcares #GarnierUNFILTERED #growingup #memories #flashbacks #fyp♬ Touch – Sleeping At Last

– Додека тој правел размена на 18 -годишна возраст, другата страна, пет возрасни мажи, отвориле оган врз него. Тој возвратил, што резултирало со двојно убиство и обвиненија за нелегално поседување огнено оружје. Тој се исплашил и се скрил во туѓ дом, што пак резултирало со дополнително обвинување за провалување во куќата – рече таа.

– Многу поверојатно е дека децата поврзани со банди ќе бидат затворени без оглед на околностите и фактот дека тие се жртви на системот. Американскиот систем за малолетничка правда воведува неправедни казни, а на овие млади луѓе им е најпотребна заштита – додаде таа.

 

Loading...

Таа вели дека Мичиген во моментов нема закон за добро управување во затворите и ги намалиле казните врз основа на тоа, но се надева дека тоа ќе се промени по гласањето во 2022 година.

Ако донесат таков закон, нејзиниот Виктор би можел да биде ослободен веќе во 2027 година. Патем, како што стојат сега работите, тој ќе биде зад решетки до 2034 година.

 

 

Наоми сега бара од луѓето да потпишат петиција што ќе доведе до негово помилување, бидејќи тамошните власти можат да го сторат тоа под одредени околности.

– Тоа е владина одлука која дозволува едно лице да биде ослободено од некои или од сите правни последици што произлегуваат од кривично гонење. Верувам дека Виктор треба да биде помилуван, не само затоа што неговиот случај бил неправеден, туку и затоа што тој сега е 30-годишник кој научи многу од своите грешки и само сака да добие втора шанса за живот“, рече таа.

 

Loading...

– Тој длабоко жали за тоа што го направил и веќе отслужил 11 години затвор. Ако се одобри законот за добро управување, тој ќе служи уште шест или седум години. Верувам дека го врати долгот кон општеството и треба да му се даде втора шанса. Тој е сосема поинаков човек. Сега има 30 години, не е 18-годишно момче кое е во банда – вели таа.

Многумина на TikTok ја поддржуваат нивната врска, пренесува The Sun.