Владата предлага измени на Законот за финансирање на политичките партии

Сподели со своите пријатели

На предлог на Министерството за правда, на синоќешната седница на Владата беше рзгледан Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

Loading...

Како што се наведува во соопштението од владинта прес-служба, со Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, како и начинот на контрола на финансирање и финансиско-материјалното работење на политичките партии.

-Согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е  0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби, се наведува во соопштението.

Елизабета Велјановска-Најдеска

Leave a Reply