Владата одлучи да ги ограничи државните служби во трошењето за репрезентација

Сподели со своите пријатели

Владата на оваа седница ја донесе Одлуката за начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата и другите органи на државната управа со која се утврдува начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата, другите органи на државната управа и правните лица основани од Владата.

Loading...

Одлуката претставува акт кој содржи унифицирани правила за сите институции основани од Владата за начинот на користење на средствата за репрезентација, што до сега не било пракса и секоја институција со интерен акт на свој начин го уредувале начинот и постапката за користење на средствата за репрезентација.

Во одлуката е предвидено дека во случај на непочитување на одредбите на оваа одлука против раководителите опфатени со неа може да се применуваат една од утврдените мерки во член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Leave a Reply