Владата ќе заседава во 12 часот, се очекува прогласување Денови на жалост

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 23.11.2021 година (вторник) ќе ја одржи 120-та редовна седница со која ќе претседава првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Loading...

На седницата се очекува да бидат прогласени денови на национална жалост поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Никола Ивановски