Владата ја врати евтината тарифа на струјата

Сподели со своите пријатели

По два часа денска евтина тарифа на струјата, секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата, најави денеска премиерот, Зоран Заев, јавува Фокус.

Мерката, која се воведува од 1-ви октомври, ќе се овозможи преку заштеди на енергетските компании МЕПСО и ЕЛЕМ, така што ќе се намалат нивните непродуктивни трошоци, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

-Намалувањето на цените на ископините и репроматеријалите и преку домаќинско работење во енергетските компании ќе биде преточено во секое семејство како бенефит. Такви заштеди се веќе направени – рече тој.

ЕВН, додаде, нема да добие субвенции од државата за спроведување на мерката која, посочи, нема да биде временски ограничена до либерализација на енергетскиот пазар како што се очекуваше.