Вкупно 26 години затвор за двајца кумановци за „крвавиот четврток“

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци денеска беа осудени со затворски казни за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за крвавиот настан од 27ми април 2017 година во Собранието.

Loading...

Судот за кумановците Вилијам Марковски – Гајда определи затворска казна од 14, а за Игор Југ 12 години затвор.

Најголема затворска казна сепак доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, односно 18 години. По 15 години затворкса казна заработија добија полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, разузнавачот Мунир Пепиќ, Јане Чентo, Влатко Трајковски и Никола Митревски- Кољо.

Оливер Поповски заработи 13 години, а по 12 години затворска казна ќе служат и Младен Додевски и Горанче Анѓеловски.

Обезбедувачот на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, Оливер Радулов доби 10 години затвор, а вработениот како обезбедување во Собранието Абдуљфета Алими доби 7 години. На обвинетиот Александар Василевски – Нинџа му е изречена казна затвор од 8 години.

Ослободителна пресуда доби еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски. За обвинетиот Сашо Марковски постапката се води раздвоено поради нарушената здравствена состојба.

Leave a Reply