Вино од милион долари: Стасувало во вселената, а сега се најде на аукција

Сподели со своите пријатели

Аукциската куќа Кристи издаде на приватна продажба шише фино француско вино кое, како дел од експериментот во лозовите насади во Бордо, созревало во орбитата на Земјата 14 месеци, а се проценува дека цената би можела да достигне еден милион долари.

Loading...

Оваа невидена понуда на виното „Петрус“ од берба во 2000 година, ексклузивно црвено вино од светска класа произведено од грозје „Мерло“ во винскиот регион Померол на Бордо, беше објавена во вторникот во Лондон, пренесува „Ројтерс“.

„Ова шише Петрус 2000 претставува важен чекор во напорите да се развие и проучи процесот на созревање на виното“, рече Тим Триптри, директор на меѓународниот оддел за вино и алкохоли во Кристи.

Приходите ќе бидат наменети за приватната европска ракетна компанија Space Cargo Anlimited, која лансираше 12 шишиња Petrus 2000 на пат кон Меѓународната вселенска станица во ноември 2019 година, како дел од серијата експерименти во лозарството и микрогравитацијата.

Десетина шишиња Петрус беа вратени на Земјата од вселенската станица во јануари годинава во товарната капсула Спејс Икс откако поминаа скоро 440 дена во орбитата, на растојание од 300 милиони километри од Земјата.

 

По враќањето во Бордо, шише вино било отворено на Институтот за истражување на вино и винова лоза за „слеп“ тест за време на кој десетина водечки енолози го споредиле вкусот со примерок од Петрус од истата берба што созреало на Земјата.

Loading...

Двата примерока биле оценети со 98 поени, иако експертите тврдат дека почувствувале разлика во вкусовите.

Кристи рече дека како дел од приватна продажба, едно шише од „вселенската колекција“ е понудено за набавка веднаш, заедно со шише „земен“ оригинален Петрус 2000, плус декандер, шест чаши и чеп направен од метеорит.

Едно шише од гроздоберот Петрус 2000, од ​​имот од 28 хектари што произведува само околу 30.000 шишиња годишно, обично чини 5.366 американски долари, а едно е продадено на аукција во 2018 година за 51.660 американски долари, според Виновест, платформа за инвестирање во лозарството и производство вино.

Leave a Reply