„Викторија Сикрет“ го ангажираше првиот трансродов модел (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Валентина Сампаио наводно станала првиот трансродов модел на „Викторија Сикрет“.

Loading...

Во четврток, Сампаио на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која седи во соблекувалната на која ја тагирала линијата долна облека на „Викторија сикрет“ и ги додала хештаговите #campaign, #vspink и  #diversity.

Утредента објавила и видео, со истите хештегови и напишала „Никогаш не престанувајте да сонувате луѓе“.

Во ноември 2018 година, Ед Разек, маркетинг директорот на „Викторија Сикрет“ наиде на тешки критики кога изјавил дека не мисли дека трансродова личнсот би требала да се појавува во нивните модни ревии. Но, потоа го смени мислењето.

– Се извинувам. Да бидеме јасни, апсолутно би ангажирале трансродов модел за равија. Транс-моделите ни доаѓале на кастинзи, и како и многу други девојки не поминале. Но, никогаш проблемот не бил во родот. Им се воздихутам и го почитвам нивното самопронаоѓање, изјавил Разек за „Вог ранвеј“.

Во февруари 2017 година, Сампаио станала првиот трансродов модел кој се појавил на насловната страница на парискиот „Vogue“.

Leave a Reply