Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и свежо време.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 4 степени целзиусови.

Ако се мислите за викенд прошетка, може да одите со топла облека, врнежи нема да има.

Утре ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 5 степени. Но, внимавајте на утринската, која ќе биде осум степени под нулата.

Слично ќе биде и во недела. Сончево до умерено облачно време со максимални 7 степени. Ќе дува сосема слаб јужен ветер, но во раните утрински часови и преку ноќта ќе биде доста постудено со пет степени под нулата.

Веќе од понеделник, дневните температури малку ќе бидат во пораст, но ќе се задржи претежно суво време.

Никола Ивановски

Leave a Reply