Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од ноќва големо поксапување на горивата во Македонија

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -2 степени, а максималната во текот на денот ќе достигне 14 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево и доста топло време за овој период од годината, со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти еден степен под нулата, додека дневниот максимум е прогнозиран на високи 17 степени целзиусови.

 

прогноза куманово

 

Високите температури за овој период од годината ќе се задржат и во текот на следната работна надела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ксенија од Куманово докажува дека и девојчињата можат да владеат во рингот

Никола Ивановски