Во руските напади врз Киев и други украински градови, 11 лица загинаа, а десетици беа повредени, вклучувајќи деца, објавија властите.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека четири лица загинале во главниот град, а седум лица загинале во Одеса и Днепар, додека голем број згради биле оштетени од беспилотни летала и ракети, објави Ројтерс.

Кличко додаде дека 45 лица се повредени во Киев, Украина, а рускиот напад се случил рано утрово.
Службите за итни случаи, сепак, објавија дека пет лица загинале во Киев.

Кличко додаде дека зградите биле оштетени од остатоци од беспилотни летала, како и дека во еден од нив избувнал голем пожар.

Властите изјавија дека седум лица загинале, а 11 се повредени во Одеса, а војската потврди дека инфраструктурата, вклучително и станбените згради, била погодена.

Според регионалниот гувернер Олександр Гања, две лица загинале во Днепар, а 27 се повредени.
Две лица се повредени во Харков, соопштија официјални лица.


