Пролетен крос во Куманово: Учениците ќе се натпреваруваат на Аџи Тепе

Сподели со своите пријатели

Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово организира Пролетен училишен крос, кој ќе се одржи на 21 април 2026 година (вторник) на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово.

Настанот ќе ги обедини учениците од сите основни и средни училишта од општината, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат во повеќе категории.

Собирот на учесниците е закажан за 10:00 часот, додека стартот на трките е во 10:30 часот.

Натпреварувањето ќе започне со најмладите ученици, а ќе продолжи по возрасни категории до најстарите средношколци.

Учениците ќе се натпреваруваат на различни дистанци, зависно од возраста – од 200 метри за најмладите (3 одделение), па сè до 1200 метри за средношколците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4та победа за МРК Куманово во плеј-аут лигата (ФОТО)

Право на учество имаат и машки и женски ученици, а бројот на пријавени натпреварувачи не е ограничен.

Организаторите информираат дека пријавувањето треба да се изврши најдоцна до 20 април преку Вибер групата „училишен крос“, кај делегатот на натпреварот, професор Фидан Арсовски.

За најуспешните натпреварувачи се предвидени награди – медали, маици и дипломи, кои ќе бидат доделени за првите три места во секоја категорија.

Настанот се реализира под организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово, со координаторите Филип Колевски и Марјан Нојковски, а има за цел поттикнување на спортскиот дух и здравите навики кај младите.

Никола Ивановски