Видео објавено неколку дена пред изборите во Унгарија на кое Виктор Орбан оди на работа со автомобил стана вирално.
Имено, видеото го прикажува Орбан како весело оди на работа со предизборната песна: „Унгарското село стана зелено, пролетта пристигна“. Тој пее, го крева прстот во воздух и вика: „Ајде да го срушиме! Таква е ситуацијата!“.
Во еден момент, тој ги крева двете раце од воланот. И тоа беше причината некој да го пријави во полиција.
Пријавата ја поднел граѓанин кој верувал дека Орбан ги крши сообраќајните прописи.
Полициската управа во Будимпешта реагираше брзо и ја отфрли пријавата веќе на 15 април, објавува Вечерњи лист.
Во официјалниот одговор, тие наведоа дека станува збор за „мало кршење на сообраќајните правила“, но дека не претставува прекршок според унгарскиот закон за прекршоци.
И покрај отфрлањето на барањето, видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Некои корисници го критикуваа Орбан за неговото неодговорно однесување зад воланот, додека други пристапија кон видеото со хумор, нагласувајќи го неговото добро расположение во средината на кампањата, пишува Blikk.

