4та победа за МРК Куманово во плеј-аут лигата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово вчеравечер славеа со 35:28 откако на домашен терен го совладаа составот на РК Пролет во 5. коло од плеј-аут лигата.

 

 

Оваа e четврти триумф во низа на кумановци од петте одиграни натпревари.

 

 

Од почетокот до крајот Куманово наметна силно темпо и победата и прашањето околу победникот не беше доведена во ниту еден момент.

 

 

Во домашниот состав, десет гола постигна Омар Мамух Радван, а Тоше Ончев запиша осум реализации.

 

 

Кај гостите Андреј Стојановски даде 11 гола.

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пролетен крос во Куманово: Учениците ќе се натпреваруваат на Аџи Тепе

Никола Ивановски / фото: Тијана Додевска