Вибер претстави посебни видео пораки за Денот на вљубените

Сподели со своите пријатели

Една од водечките светски платформи за размена на пораки, објави старт на специјална функција, посветена на Денот на вљубените – инстант видео пораки во форма на срце.

Loading...

Оваа посебна верзија на познатата функција ќе биде достапна на сите корисници од 11 до 15 февруари годинава.

За Денот на вљубените, Вибер одлучил да го разигра начинот на кој луѓето кажуваат „Те сакам“ на своите пријатели, членови на семејството и саканите личност преку четот.

Преку оваа посебна верзија на истант видео функции во форма на срце, Вибер мислил уште еден забавен, страствен и интересен начин за изјавување љубов ширум светот. За оние кои не знаат, инстант видео функцијата е видео порака од 30 секунди, која корисниците можат да ја снимат со притискање на иконата за инстант видео и моментално да ја проследат со тргање на прстот од иконата.

Оваа возбудлива функција е дел од пакетот можности кои на корисниците можат да им помогнат да изразат љубов и чувства преку Вибер, со стикери, ГИФ-ови и „Шаутс“ – пишани чет пораки со обоена позадина, прилагодени на содржината за претстојниот празник на љубовта.

Вибер нуди и некои „поделикатни“ пораки проследени низ тајниот чет да се бришат сами.

– Само во текот на 2018 година, корисниците размениле преку шест милијарди љубовни стикери и ГИФ-ови за да зиразат љубов, нежност и чувства кон најблиските. Со Вибер поврзувањето преку интернет одамна го надмина воспоставувањето основен контакт. Нашите корисници сега имаат можност да ја почуствуваат емотивната врска со оние кои ги сакаат и на кои мислат најмногу. Со специјалните инстант видеа во форма на срце за претстојниот Ден на вљубените, ќе го одбележите овој празник на начин на кој ќе го паметите – каде и да се наоѓате низ светот, велат од компанијата.

Инстант видео пораките во форма на срце е содржина на најновата Вибер 10 верзија со нов изглед, кој го прави корисничкото искуство неспоредливо пријатно, а брзината и поврзувањето поголемо.

Loading...

Leave a Reply