Вежби за јакнење на детската самодоверба

Сподели со своите пријатели

За квалитетно растење и развој на детето потребно е да се развие детската самодоверба. Изградбата на самодовербата кај децата е голем предизвик за секој родител и еден од најголемите дарови кои можете да им ги дадете на своите деца. Познатиот психолог др. Пикхард ги советува родителите како да постапат во воспитувањето и кои грешки никако не смеат да ги прават за да не ја нарушат детската самодоверба.

Loading...

Тој вели дека детето на кое му недостасува самодоверба не е подложно да испроба нови работи или предизвици затоа што се плашат од неуспех или дека ќе ги разочараат другите. Тоа доведува до непотребно воздржување во иднина и спречување на успехот.

Пет причини зошто вашето дете треба да тренира карате

– Непријател на самодовербата се обесхрабрувањето и стравот, вели тој и додава дека обврска на родителите е да го поддржат детето додека се обидува да се носи со тешки работи во животот.

Ценете го трудот без оглед дали детето ќе победи или загуби

Гледајте секогаш да го пофалите детскиот труд без оглед на исходот. Децата никогаш не би смееле да се чувствуваат посрамено поради својот труд.

– Константното обидување и труд градат повеќе самодоверба од најизменичен успех, објаснува др. Пикхард.

Колку е максималното време кое вашето дете може да го мине играјќи игри?

Loading...

Потикнувајте вежба за да ја развиете способноста

Насочувајте го детето на тренирање или занимавање со некоја активност за која е заинтересирано. Но, никогаш не вршете притисок на детето.

– Трудот кој се вложува во вежбањето ја јакне самодовербата и со самото тоа и понатамошниот напредок, додава др. Пкихард.

Како вашето дете да биде среќно во дигиталното време?

Дозволете на детето само да ги реши проблемите

Ако работите наместо нив, децата никогаш нема да развијат способност на самодоверба за да самите ги решаваат проблемите. Подобро е дететот да добие полоша оценка во училиште додека всушност учи како да дојде до решение и подобри резултати отколку да има само петки со ваша помош.

Која е идеалната раѓање на првото дете?

Пуштете го детето да биде дете

Loading...

Не очекувајте вашето дете да се однесува како возрасна личност.

– Кога детето чувствува дека е доволно добро само да се однесува како своите родители, таквите нереални стандарди можат да го обесхрабрат трудот, вели познатиот психолог и додава дека високите очекувања создаваат притисок и ја намалуваат самодовербата.

Експертите предупредуваат: Ако вашето дете се самоповредува, имате 12 месеци да му помогнете

Потикнувајте заинтересираност

Иако понекогаш константното поставување прашања на детето може да биде напорно, треба да го потикнување.

Др. Пикхарди истакнува дека поставување прашања е вежба која е од голема помош за детскиот развој затоа што сфаќа дека постојат многу работи кои не ги знае и разбира, па дека постојат и многу нешта што допрва треба да ги открие. Детето кое доаѓа од семејство во кое се потикнува поставување прашања, на училиште подобро ќе ја разбере и слуша учителката.

Израснете благодарно и скромно дете: Да го цени она што сте го создале, за што сте се жртвувале

Овозможете му на детето нови предизвици

Loading...

Научете дете со мал успех да доаѓа до голем успех.

– Родителите можат да негуваат самодоверба така што ќе ги зголемат обврските на детето, објаснува др. Пикхарди.

Image by Lubov_ph from Pixabay

Leave a Reply