Експертите предупредуваат: Ако вашето дете се самоповредува, имате 12 месеци да му помогнете

Сподели со своите пријатели

Истражувачи од Америка тврдат дека првите 12 месеци откако ќе го забележите проблемот е клучното време за интервенција на родителите кое може да спречи значителни посериосни последици од ваквото однесување, а најсериозната е самоубиство.

Судејќи според истражувањето на Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија и Институтот за психијатрија од Њујорк, формалната дијагноза може да претходни на самоубиство кај скоро петина од пациоентите.

Истражувачите најбљудувале над 60.000 луѓе за да утврдат врска помеѓу самоповредувањето и утврдиле дека бројот на самоубиства кај лицата кои имаат ментални пореметувања како депресија е поголем за 27 пати.

Ризикот од самоубиство е 10 пати поголем во првиот месец по почетната епизода на самоповредувањето отколку во наредните 11 месеци.

Лекарите советуваат дека лицата на кои ќе им биде дијагностицирано ментално пореметување треба да бидат под интензивен надзор за да се намали ризикот од самоубиство.

 

Loading...