Како вашето дете да биде среќно во дигиталното време?

Сподели со своите пријатели

Правилата за среќен живот не се ништо ново. Но, во последно време иднината на нас самите и на нашите деца не е на добар пат. Подигањето деца да бидат среќни во денешниот свет не е невозможно.

1. Бидете истрајни

Комбинацијата на истрајност и отпорност помага да продолжите напред и покрај разочарувањето и игра важна улога во чувството на задоволство. На училиште, онлајн, па дури и со пријателите, децате се чуствуваат под притисок да станат нешто од прв обид. Наместо тоа, уфрлете го она што се вика развоен менталитет, процес на обиди, неуспеси и учење од грешките. Кога ќе се чувствуваат поразено, нивниот внарешен глас ќе рече: „Ќе успееш“.

 

Loading...

 

2. Негувајте го нивното чувство на самопочитување

Лајковите, коментарите и другите индикатори на онлајн статусот се дел од животот на социјалнит емрежи. Меѓутоа, проблемот настанува кога детето кое има целосна природна заинтересираност за тоа што другите мислат за него, започнува да има штета фиксација на знаците за одобрување од страна на врсниците. Таа фиксација може да предизвика и депредија. Можете да му помогнете на детето негувајќи го неговото внатрешно чувство на самопочитување. Потикнувајте активности и хобија, кои на детето му даваат чувство на остварување по сопствените услови.

3. Бидете благодарни

Да се биде благодарен е испробан начин кој води до посилно чувство на среќа. Можете да ги користите медиумите и технологиите за да негувате чувство на благодарност. Погледнете ги сајтовите и аплиакциите кои овозможуваат на децата светот да стане подобро место за живот. Гледајте ТВ емисии и филмови кои инспирираат благодарност. Дома, направете култура на благодарност, расправајќи на што сте благодарни.

ВО ДВЕ ФОТОГРАФИИ: Какви беа децата некогаш, а какви се денес? (ФОТО)

4. Водете ги децата надвор

Престојот во природа е научно докажан начин да го зголемите чувството на задоволство. Ако ви треба инспирација, гледајте филмови за природата или преземете апликации кои потикнувааат истражување на отворено. Или само спуштетот го телефонот, затворете го лаптопот, исклучете го телевизорот и заминете на прошетка.

 

 

5. Поврзете се со дететот

Во дигиталната ера, децата можат да направат нови пријатели и да ги засилан постоечките врски олајн, без оглед дали се работи за мултиплеј игра, лајкови на Инстаграм или скајп повика со бабата и дедото. Но, најсреќните луѓе се оние кои постојано наоѓаат рамнотежа помеѓу екранот и остатокот од животот. Ние возрасните луѓе сме оние кои треба да бидат модел за здрави навики, значи најдете слободно време и избегнете го телевизорот. Исклучете ги сите апарати и остварете контакт лице в лице, за да можете да ги слушате семејството и пријателите без пречки. Секако уживајте, заедно во медиумите, но поставете граници, кои нема да ја попречуваат интеракцијата помеѓу вас.

Leave a Reply