Вештачката интелигенција во иднина ќе може да ги контролира патничките авиони?

Сподели со своите пријатели

Можеме ли да додадеме пилот на авиокомпанија на растечката листа на работни места кои еден ден би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција?

Loading...

Ако го прашате Тим Кларк, претседателот на авиокомпанијата Емирати, одговорот е – да.

Може да видите авиони со само еден пилот, коментира Кларк за време на едно интервју, нагласувајќи дека секогаш треба да има еден пилот во пилотската кабина, додека вештачката интелигенција би можела да го замени вториот пилот.

Кларк вели дека технологијата која е во состојба целосно да го контролира леталото веќе постои, па нема причина да не се искористат тие можности.

Сепак, тоа не треба да се очекува толку брзо и не за време на животот на Кларк, коментираше 73-годишниот претседател на Емирати.

Во последните години, а особено по воведувањето на четботот ChatGPT, многумина разговараат за позитивните и потенцијалните негативни последици од вештачката интелигенција, која во некои најлоши сценарија може прво да ги одземе работните места на луѓето, а потоа да го загрози човештвото.

Но, луѓето не треба така да размислуваат за вештачката интелигенција, не треба да се плашат од неа, туку треба да ја прифатат и користат, смета Кларк.

Кога станува збор за технологија која е толку моќна, луѓето треба да размислат како таа може да им помогне и да го подобрат она што го работат.

Loading...

И во бројни претходни примери, можевме да видиме во кои ситуации вештачката интелигенција може да им помогне на луѓето во нивната работа и да им заштеди многу време, правејќи дел од работата за нив.

Од мали нешта и помош во пишување мејлови до нејзината улога во големи научни истражувања и некои медицински откритија.

Имајќи предвид дека инвестициите во вештачката интелигенција ќе се зголемат и дека вештачката интелигенција ќе биде во фокусот на помалите и поголемите компании (не само технолошките), можеме да очекуваме понатамошен брз напредок на оваа технологија и нејзините можности.

Притоа, секако, треба да се има предвид дека овој напредок оди во позитивна насока и дека технологијата се користи за доброто на човештвото, иако е јасно дека луѓето со лоши намери ќе се обидат да ја искористат за своите сопствени потреби – од финансиска измама до ширење лажни вести и манипулации до нивна употреба за воени цели.