Верижен судир на два автобуси и камион во Турција, најмалку две лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени утринава на автопат во Турција, во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси и еден камион.

Loading...

Автобус кој изгубил контрола предизвикал несреќа во селото Каракурт, област Сарикамиш во Карс, јавува телевизискиот канал НТВ.

Турската телевизија јавува дека на местото на несреќата се испратени голем број медицински, полициски и спасувачки екипи.