Верешчук: Договорени се девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили

Сподели со своите пријатели

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук соопшти дека денеска е постигнат договор за девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, јавува Анадолија.

Loading...

Како што рече таа, цивилите во конфликтните зони можат да преминат во безбедните зони преку девет коридори.

 

Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, Русија ќе распореди нуклеарно оружје

 

Верешук изјави дека оние кои сакаат да преминат од Мариупол, Бердјанск, Токмак и Енергодар до Запорожје, тоа можат да го направат само со свои возила.

Таа истакна дека ќе испрати автобуси до градовите Северонодек, Лисичанск, Попасна и Рубија и станицата Горноје.

 

Loading...

Украина: Ракетиравме и уништивме руски брод. Русија: Не, оштетен е во експлозија на муниција

 

Верешчук додаде дека коридорите во регионот на Луганск ќе функционираат доколку руските војници потпишат примирје.