Вчера СВР Куманово казни 41 возач поради „дивеење“ на патиштата

Сподели со своите пријатели

Вкупно 41 казна вчера напишала полицијата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради управување возила со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (25.11) од 08.00 до 14.00 часот, на територија на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 41 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казни, 18 биле напишани на територија на Куманово, 13 на на територија на Крива Паланка и 10 на територија на Кратово.

Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од СВР Куманово.

Никола Ивановски