Вчера четири интервенции на кумановски пожарникари

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат четири интервенции во текот на вчерашниот ден, инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во село Алешевце гореле сува трве, стрниште и убриште, каде интервенирале четворица пожарнири во период од 06:00 до 09:45 часот.

Сува трева герала и во село Долно Којнаре, каде во период од 12:20 до 14:30 интервнирале тројца пожарникари.

Два пожари се регистрирани и во населбата Перо Чичо и двата поради запалено стрниште.

Сите пожари се успешно изгаснати од стана на ТППЕ Куманово.

Leave a Reply