Вака изгледа нулта толеранција кон коронавирусот во Кина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Властите ставија повеќе од 20 милиони луѓе во строга изолација пред почетокот на Зимските олимписки игри, додека десетици милиони масовно се тестираат.

Loading...

Комунистичките власти во Кина се решени по секоја цена да се справат со коронавирусот и да не дозволат негово ширење пред почетокот на Зимските олимписки игри, кои треба да се одржат во Пекинг од 4 до 20 февруари.

 

 

Политиката на нулта толеранција кон Ковид 19 доведе до отворање на карантински и изолациски кампови, во кои се сместени лицата за кои постои сомневање дека имаат коронавирус.

Метални контејнери

На социјалните мрежи се појавија снимки од овие кампови во кои се наоѓаат илјадници луѓе.

Loading...

Во исто време, властите во Кина потврдија дека најмалку 20 милиони граѓани во земјата моментално се во строг карантин.

Градовите Ањанг, Јоџу и Ксиан се во карантин.

 

 

Жителите на овие градови не смеат да ги напуштат домовите, ниту да купуваат храна. Ањанг, дом на 5,5 милиони луѓе, беше затворен во понеделникот откако беа потврдени два случаи на инфекција со коронавирус омикрон.

Стотици жители на овој град, меѓу кои и деца, стари и бремени жени, се префрлени во камповите изградени во Сиџан.

На социјалните мрежи се појавија снимки од еден од овие кампови изградени на локалниот фудбалски стадион.

Loading...

Станува збор за контејнери со тоалет, дрвен кревет и трпезариска маса, каде што се чуваат сомнителни случаи од две до три недели.

Храната им ја доставуваат вработените во заштитни одела, а оние кои успеале да ги издржат овие услови велат дека премрзнале и добивале минимални порции храна.

Вкупно 1.000 жители биле евакуирани од своите домови на полноќ и префрлени во зоната на карантин.

– Овде нема ништо друго освен основни работи. Има тоалет, кревет, маса и стол. Никој не нѐ посетува. Каков карантин е ова?! – праша авторот на една од снимките.

 

 

166 нови случаи

Loading...

Се појавија и снимки од претепувањето на постар човек, кој излегол од кампот да купи храна.

Стратегијата на властите е што поскоро и полесно да се идентификуваат и изолираат заразените и асимптоматски случаи во овие кампови.

Кога беа откриени првите случаи на коронавирус во Вухан на почетокот на 2020 година, реакцијата на официјален Пекинг беше првично млака, а набрзо градот и поголемиот дел од провинцијата Хубеи беа затворени.

Вкупно 166 нови случаи на инфекција се регистрирани во Кина во последните 24 часа.

 

Loading...