Утре на градскиот плоштад – хуманитарна акција за помош на Тетово

Сподели со своите пријатели

Црвениот крст утре на градскиот плоштад со почеток во 11 часот организира хуманитарна собирна акција во која ќе се собираат средства за помош на настраданите од поплавите кои минатиот понеделник однесоа неколку човечки жртви и предизвикаа огромна материјална штета во градот.

Loading...

Акцијата ќе трае до 13 часот, а се повикуваат сите хумани граѓани да донираат флаширана вода, конзервирана и нерасиплива храна и производи за лична хигиена кои ќе бидат доставени на најзагрозените семјества.