Утре ќе се одржи 24. седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 24та седница.

Loading...

На дневен ред ќе се најдат 15 точки, меѓу кои финансиски извештаи на дел од јавните претпријатија, но и повеќе точки поврзани со финансиското работење и буџетот на Општина Куманово.

Во продолжение целосниот дневен ред:

Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;

Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“- Куманово од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;

Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – март 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово

Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 7 (седум) извршители во ЈП „Пазаришта“ – Куманово преку Агенција за привремени вработувања;

Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;

Loading...

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за давање во закуп на комунална опрема – шанк;

Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на североисточниот плански регион (СИПР) 2021 – 2026., за 2022 година;

Извештај за работење на Центарот за развој на североисточниот плански регион за 2022 година со финансов извештај;

Предлог – Измена и дополнување на Планот на Програми за развој на општина Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на улица „Страшко Симонов” и приклучни улици во општина Куманово;

Предлог – Одлука за давање на согласност и овластување на градоначалникот на општина Куманово за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на општина Куманово;

Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за I квартал од 2023 година;

Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на буџетот на општина Куманово за 2023 година;

Loading...

Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на општина Куманово за 2023 година;

Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

Никола Ивановски