Утре ќе се одлучува дали ќе продолжи вонредната состојба

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност утре во Вила Водно кај претседателот на државата Стево Пендаровски, ќе одржи седница, на која ќе се дискутира за евентуално ново продолжување на вонредната состојба.

Loading...

Бројот на новозаболени од коронавирусот во земјата е во пад, па дел од рестриктивните мерки се намалија, а се очекува дополнително да се немалат и од почетокот на следната недела.

Владата и надлежните институции треба до претседателот на државата да достават извештаи за изминатите 30 дена вонредна состојба, по што ќе се одлучува дали истата ќе се продолжи.

Доколку не се продолжи вонредната состојба, истата ќе заврши в сабота, но тоа не значи и укинување на полицискиот час и рестриктивните мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply