Утре и задутре седници на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток од 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 26та седница.

Loading...

На дневен ред пред советниците ќе се најдат 35 точки, меѓу кои одлука за доделување помош за Општина Делчево поради невремето, статутарни измени на неколку институции, годишни планови за вработување во училиштата…

Најголем интерес за дебата меѓу советниците се очекува да привлечат точките поврзани со буџетот и измени на планот за развој, како и извештајот за ефикасноста од субвенционирањето на јавниот превоз.

Задутре пак, во исто време и на истото место, ќе се одржи 27та седница на чиј дневен ред ќе има една точка, а тоа се советнички прашања, кои власта и опозицијата ќе може да ги постави на градоначалникот, раководителите на секторите и јавните претпријатија.

Во продолжение интегрално целосниот дневен ред:

1. Предлог – Одлука за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за Општина Делчево по природна непогода поплава која се случи на 8 јуни 2023 година;

2. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;

3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

Loading...

4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

6. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;

7. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;

8. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;

9. Програма на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2023 година;

10. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година;

11. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово;

Loading...

12. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово;

13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;

14. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;

15. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

16. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;

17. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;

18. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово;

19. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;

Loading...

20. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Христијан Карпош” – Куманово;

21. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Магдалена Антова” – Куманово;

22. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези – Куманово;

23. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Кирил и Методиј” с. Романовце – Куманово;

24. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Битолски Конгрес” с. Лопате – Куманово;

25. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Карпош” с. Умин Дол – Куманово;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата (ФОТО)

26. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;

27. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;

28. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;

29. Информација за начинот на реализирањето и ефективноста од спроведувањето на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз н а патници на подрачјето на Општина Куманово;

30. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;

Loading...

31. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;

32. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

33. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

34. Предлог – Одлука за донесување на Изменување и дополнување на дел од Урбанистички план вон населено место за Горно Коњаре за изградба на објекти со намена Г4-згради за складишта К.О. Горно Коњаре, плански опфат помеѓу ул. „Индустрија“, ул.„2“, ул.„11“, ул.„4“ – Општина Куманово;

35. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година.

Loading...

Никола Ивановски